Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици

401

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 01/02.08.2020 во времето од 19,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје, информираат од МВР.

Притоа санкционирани се 24 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден мотоцикл.