СДСМ: Граѓаните добиваат нова влада посветена на економски раст и развој

0
100

Новата Влада предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев, составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри, во наредниот полн, четиригодишен мандат, посветено ќе работи на реализација на зацртаните програми, а пред се на економскиот раст и развој, соопшти СДСМ.

Според партијата, на прво место на агендата на новата влада е новата развојна македонска економија, која ќе обезбеди јакнење на стандардот на сите граѓаните.

„Во наредните четири години ќе продолжи растот на платите, вложувањата во нови работни места, континуираната поддршка на домашниот приватен сектор и привлекување на странски инвестиции.Новата Влада продолжува со вложувањата во младите и во рамномерниот регионален развој, посветена на грижа за сите граѓани, а особено на најсиромашните.

Членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија носат стабилност и поттик за интензивен економски раст на државата.За две и пол години покажавме дека можеме да ја излечеме економијата од минус 1,8 отсто и да обезбедиме раст од 3,6 отсто, со значително покачување на минималната, просечната плата, пензиите и социјалната помош, а истовремено ја намаливме невработеноста.Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро“, се вели во соопштението.