СДСМ и ДУИ ја доближуваат или оддалечуваат Македонија од ЕУ?

38

Македонските владеачки функционери во секоја пригода зборуваат за ЕУ и нивните заложби државата да се влезе во Унијата. „Правиме се за да станеме членка…“, „Владата е гарантот за влез на Македонија во ЕУ…“ ни повторуваат секојдневно. Но колку прават за вистински да се доближиме кон ЕУ, освен што засилено сакаат да го сменат Уставот? Сите други работи се средени во земјава?

Еве на пример – судството. Реформи, стратегии, обуки, советувања, милиони потрошени евра дадени за да нешто се промени и судството да си ја поврати довербата. И?

За шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција неодамна е избран Ислам Абази за кој излегоа фотографии дека се дружи со партиски функционери на ДУИ. Тоа за него биле „случајни средби на кои луѓето се фотографираат“!?

Јавноста бурно реаѓира. Дури ни странските претставници веќе не го кријат разочарувањето.

-Секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет, низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки, беше коментар со којшто американската амбасада го проследи изборот на Ислам Абази.

Ваквата реакција, а имаше слична и од ЕУ, како да не ги премисли оние коишто се мешаат во кадровските прашања во правосудството. Но, и американската амабасадорка не се премисли, таа синоќа пак повтори дека „се уште е збунета од процесот на избор на Абази за обвинител“.

– Го гледав како збунувачки кога се случи и сѐ уште го гледам така. Премногу работи не беа одговорени. Ова нема никаква врска со човекот што беше избран, ова има врска со процесот, процесот служи за да се изгради таа доверба, што сега е осум проценти во правосудството, а треба да биде најмалку двоцифрена бројка, рече Агелер.

Но, „згора на тога“ што би рекол Заев, завчера за претседател на Судскиот совет беше избрана Весна Дамева која, освен што никогаш не била судијка туку само стручна соработничка, се поврзува и со членување во партиската правна комисија на владечаката партија СДСМ!?

-Никогаш не сум била член на политичка партија. Ние сме симпатизери, сме поддржувачи. Но, јас со мојата работа докажав дека не сум припадник никаде, туку имам интегритет, одговори вчера Дамева.

Ова е тоа реформирање на судството? Да не споменуваме за скандалот во кој синот на актуелниот собраниско претседател Талат Џафери правосудниот испит го полагал пред да има право за тоа…

Вицепремиерот Бојан Маричиќ неодамна беше во Брисел каде во рамките на започнатиот скриниг бил на состоанкот за Поглавје 23, „Правосудство и фундаментални вредности“. Што тој кажал во ЕУ за нашето судство, дека е добро и се реформира кон подобро за да влеземе во ЕУ?

Само последниве неколку постапки прават Македонија да се оддалечува од ЕУ. Ќе се поправат ли во СДСМ и ДУИ кои ја водат Владата? Па нели за нив ЕУ нема алтернатива? Или можеби други приоритети имаат сега?