Денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски покажа дека тој не е фактор на политичката сцена, туку опортунист кој работи единствено за личен интерес и интерес на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.
Добивај вести на вибер
„Прес-конференцијата на Мицкоски требаше да се одржи за судските пресуди против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за црната листа на САД, кои го потврдуваат степенот на криминал во неговата партија.
Мицкоски не треба да нуди неспособни тимови составени од многубројни соработници на Никола Груевски и лица против кои се водат судски процеси“, се наведува во партиската реакција.
Според СДСМ, тимот на градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е вистинска слика што може да се очекува од оваа партија како власт.
„Тоа е еднакво на катастрофа. Општините што тој ги нарекува слободни територии во суштина се поле за груба партизација на институциите со кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и тоа прашање е затворено“, велат од владејачката партија и додаваат дека тие се фокусирани на менаџирање на кризата и заштита на стандардот на граѓаните.