СДСМ: Мицкоски да ѝ погледне на реалноста во очи и да поднесе оставка, како што вети

0
63

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по поразот на парламентарните избори паѓа во сè подлабока конфузија, а Христијан Мицкоски очајно бара алиби и ги погазува сопствените ветувања, сметаат од СДСМ.

„Давата услова кои беа дел од ветувањето на Мицкоски се исполнети, ВМРО-ДПМНЕ загуби на парламентарните избори, а коалицијата предводена од СДСМ обезбеди парламентарно мнозинство за формирање ефикасна влада со стабилен мандат, која ќе ја води државата право напред во Европа“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека Мицкоски не може да ѝ погледне на реалноста во очи и да го исполни она што самиот го ветил пред изборите – оставка во случај на пораз.