СДСМ: Неселективна борба против криминалот и корупцијата се главните приоритети на новата влада

0
274

Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ во следниот четиригодишен мандат е воспоставување на ред, правда, дисциплина во државата, како и силна, неселктивна борба против криминалот и корупцијата на сите нивоа, соопшти СДСМ.

„ Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер.

Ќе има проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер, како и санкции за оние кај кои е утврдено нечесно работење.

Следува процес на прочистување на судството. Оние судии за кои ќе се докаже дека свесно застарувале предмети ќе бидат разрешени, а следува и ревизија на 5 отсто од судски предмети одбрани по случаен избор.

Предметите од Специјалното јавно обвинителство кои со години се заглавени, ќе добијат конечна разрешница.

Поддршката и довербата добиена на предвремените парламентарни избори значи и целосна поддршка во борбата против корупцијата која е непријател и на граѓаните и на институциите.

Ред дицсиплина и правда е еден од нашите столбови на којшто се обврзавме и тоа ќе го испорачаме во следниот период.

Во новиот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните и државата“ се додава во соопштението.