СДСМ: Со ДУИ работиме на распределба на ресорите во идната коалиција

0
303

Од СДСМ информираат дека денеска продолжуваат работните средби меѓу коалиција „Можеме“ и ДУИ, на ниво на генерални секретари, со цел обезбедување стабилна Влада со полн четиригодишен мандат.

„Денеска се работи на усогласување на победничките изборни програми на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната Влада, во целост посветена на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека во тек е и распределбата на одговорностите според ресори во идната коалиција, процес во кој, како што се вели, се постигнати добар напредок и начелни согласности.

„Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите“, стои во соопштението.