СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против пописот, лага е дека опозицијата не е консултирана

0
46

Како и многу пати до сега, ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно секогаш кога се работи за проекти важни за граѓаните и државата, обвини СДСМ.

„ ВМРО-ДПМНЕ не сака да се одржи попис. ВМРО-ДПМНЕ е против пописот. Лага е дека опозициската партија не е консултирана. Истовремено, постои можност пратениците од ВМРО-ДПМНЕ низ собраниската процедура да поднесе амандмани и истите да ги аргументира во јавноста.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ цело време го кочи пописот исто како и кога беше власт, кога заради нивната неспособност пропадна пописот во 2011 година и кога напразно се потрошија три милиони евра народни пари.

Република Северна Македонија конечно ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ, ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски нема да успеат да ја спречат оваа статистичка операција која е важна за државата и граѓаните“ се вели во реакцијата на партијата на изнесените ставови на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.