СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо за борба против загадениот воздух во Скопје

37

Измина цела една година а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, заедно со нивната коалиција со Левица и Данела Арсовска не преземаа ништо за загадениот воздух. Згора на се, додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %., велат од СДСМ во денешнето соопштение.

Од СДСМ предлагаат конкретни мерки.

– 1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност, предлагаат од СДСМ.

 

Според нив ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати овие мерки во интерес на скопјани.