Се враќа работното време од 8 до 16 часот во јавната администрација

0
55

Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа. Наместо сегашното работно време од 7:30 до 15:30 и од 8:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 8 до 16 часот.

Флексибилното работно време почна да се применува од 1 септември 2017 година.

Со одлуката се утврди почетокот на работното време да биде помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Како што тогаш соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, одлуката била донесена по серија консултации со јавноста, меѓу кои и граѓанските организации и синдикатите, во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација, како и за подобрување на процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис- заедницата.