Се зголемува цената на бензините

0
248

Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 0,50 ден/лит. Еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,00 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит. Според одлуката на Регулаторната комисија, малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг и ќе изнесува 26,531 ден/кг.

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.8.2020 година.

Од 1.9.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 62,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,531 (денари/килограм)