Шефот на рускиот парламент: Запирањето на гасот е правилна одлука, истото треба да го направиме и со сите непријателски земји

0
154

Шефот на рускиот парламент изјави дека рускиот гигант „Газпром“ донел правилна одлука со целосно прекинување на испораката на гас за Бугарија и Полска.

Вјачеслав Володин, шефот на долниот дом на рускиот парламент, на својот канал Телеграм напиша дека Русија „треба да го стори истото со другите непријателски земји“.

Денеска беше прекината испораката на рускиот гас за Полска и Бугарија, бидејќи одбиле да плаќаат во рубли. Бугарија е лута поради ваквата одлука, бидејќи како што велат бугарските власти, имале платено за април. Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека ова е еднострана уцена од страна на Москва.