Шест полицајци тепале човек врзан со лисици, ама камерите снимале…

0
95

Шест полицајци од СВР Скопје добиле кривични пријави заради тоа што ги пречекориле службените овластувања при приведувањето на едно лице. Пријавите ги поднел Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделението за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања.

-Пријавите се поднесени поради основано сомнение дека на 18.05.2020 сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик. По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања, се наведува во информацијата.

Против пријавените полициски службеници поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР.