Шестмина пациенти во Бардовци позитивни на коронавирус

0
46

Шестмина пациенти во Психијатриската болница „Бардовци“ се позитивни на коронавирус. Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Алаксандар Стојанов, вели дека овие пациенти се единствениот познат кластер на коронавирус во моментот.

„Позитивни се шестмина пациенти. Утрово ги завршивме епидемиолошките анкети. Земени се брисеви од нивните контакти и ставени се во изолација. Овие пациенти се единствениот кластер во моментот. За сите други новозаразени немаме податоци. Има само едно четиричлено семејство, кое кажа дека биле на роденденска прослава. За другите нема такви податоци, трансмисијата е широко распространета“, вели директорот Стојанов за „Макфакс“.

Вчера, со 445 новозаразени, во Македонија беше регистрирана најголемата дневна бројка на нови случаи на заболени од Ковид-19. Пациентите од Бардовци се влезени во оваа бројка.