о последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.
Направени се 1.507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19.
Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје – 23, во Струга – 11, во Штип – 10 и во Куманово и Охрид по осум.
Во Македонски Брод и во Гостивар се потврдени по четири нови случаи. По три нови случаи има во Прилеп и Битола.
Во Дебар, Тетово, Велес, Виница, Свети Николе и во Кичево се потврдени по два нови случаја и по еден во Кавадарци и Струмица.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти, од кои најголем број се од Скопје – 57 и Свети Николе – 10.
Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.