Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

0
204

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцина.

Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се ранлива група и на постарите лица, пренесува Си-ен-ен.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел објасни дека Шведска функционира на принцип на доброволна вакцина, а така било и за време на минатите пандемии кога биле вакцинирани голем број луѓе.

„Веројатно имавме најголем процент на вакцинирани во светот. На почетокот нема да биде најрелевантно да се вакцинираат деца, туку оние кои се ризична група – стари лица и оние кои работат со нив“, рече Тегнел, пренесува „Танјуг“.