Силва го откачи Лацио, се враќа во татковината, во Реал Сосиедад

0
277

Довчерашниот фудбалер од средниот ред на Манчестер сити, Шпанецот Давид Силва, по 10 години реши да ја промени средината. Сите медиуми, пред сè италијанските, пишуваа дека тој речиси сигурно се сели во Рим, во тимот на Лацио, но настана пресврт во целата ситуација. Иако имаше шпекулации дека Пирло и Јувентус „пред нос“ ќе го украдат Силва од „небесносините“, сепак, Шпанецот решил да се врати во татковината.

Давид Силва потпишал договор со Реал Сосоедад и се враќа во Ла Лига. Пред 10 години како играч на Валенсија си отиде од Шпанија за да потпише договор со „граѓаните“ од Манчестер.

Силва го одби договорот на Лацио со кој од римскиот клуб му понудија 12 милиони евра за тригодишна верност. Сепак, Сан Себастијан ќе е следната дестинација на плејмејкерот.https://platform.twitter.com/embed/index.html?creatorScreenName=makfax&dnt=false&embedId=twitter-widget-1&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1295464295896158213&lang=en&origin=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Fsilva-go-otkachi-lacio-se-vrakja-vo-tatkovinata-vo-real-sosiedad%2F&siteScreenName=makfax&theme=light&widgetsVersion=223fc1c4%3A1596143124634&width=550px

Инаку, вчера беше соопштено дека за своите успеси и залагања за Манчестер сити Силва ќе добие статуа пред „Итихад“:

Давид Силва ќе добие статуа пред „Етихад“