Скопјанец ја пронашол почината својата мајка во стан

0
76

Седумдесет и едногодишна жена од Скопје вчера била пронајдена почината во нејзиниот стан на улицата „Женевска“ во Скопје.

Починатата ја нашол нејзиниот син, кој повикал Брза помош, при што лекар констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.