Скопјанец пријавил во полиција дека бил нападнат од контролор на ЈСП

328

Вчера, во 15.40 часот, во СВР Скопје, А. А. (57) од Скопје пријавил дека околу 15.25 часот во автобус со бр. 35 на ЈСП, на автобуска постојка на булеварот Крсте Мисирков, бил истуркан од автобусот и физички нападнат од едно лице, кое се претставило дека е контролор во ЈСП. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.