Скопјанец приведен поради трговија со оружје и дрога

0
75

Скопската полиција минатиот петок (18 септември) уапсила извесен Р. Ј. за кој Единицата за недозволена трговија имала поднесена кривична пријава под сомнение за сотрени кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

На 1 мај годинава, по претходно добиена судска наредба, полицијата извршила претрес на дом и други простории и во пошироката околина помеѓу улиците Алпи и Коце Металец биле пронајдени: автоматско оружје со навој на придушувач, две рамки со 34 куршуми во калибар 7,65 мм и придушувач, две автоматски пушки, полуавтоматска пушка „берета“ со празна рамка и рамка за автоматска пушка со 18 куршуми, автоматско оружје со навој за придушувач, придушувач и рамка со 20 куршуми, како и пет пакувања со 2.382 грама хероин.