Скопјанец тешко повреден откако се обидел да спречи насилник кој со нож се заканувал во ресторан

358

Во претпладневните часови на 15 август во скопската полиција било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Втора македонска бригада“, 32-годишен скопјанец со остар предмет се заканувал на вработениот и на гостите.

Според пријавеното, 55-годишен скопјанец, гостин во објектот, се обидел да го запре насилникот, но бил нападнат со остар предмет од друг гостин, при што се здобил со тешка повреда и веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата работи на расчистување на случајот.