Скопје се затресе со 3,4 степени по Рихтер, возмениреност во повисоките згради

0
45

Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер малку по 14 часот е почувствуван денеска во скопското подрачје. Скопјани кои живеат во повисоките згради подисплашено гледаа како за кратко  земјотресот ги заниша вратите, завестите, лустерите… во нивните домови.

Според првичните информации, потресот бил на длабочина од 1-2 километрар, а епицентарот бил во подрачјето на границата помеѓу Македонија, Србија и Косово. 

Освен информации за вознемиреност кај дел од граѓаните нема информации за штети на објекти.