Со четирицикл излетал од патот, тешко повреден маж

0
276

На 05.09.2020 во 18:45 часот на локален пат с.Бачиште кон с.Грешница четирицикл „шинерај“ без регистарски ознаки, управуван од А.Љ.(31) од с.Грешница, кичевско излетал од патот.

А.Љ. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево.