Со два гола во финишот Вардар славеше кај Борец

0
29
По репрезентативната пауза и настапот, со натпреварот Борец – Вардар што се играше попладнево во Велес, продолжуваат натпреварите во ПМФЛ со дуелите од 12.коло
Во тврд натпревар во кој двете екипи имаа свои добри минути, победникот беше решен во самата завршница, односно последните десет минути.
Триумфот на вардарци го најави Попзлатанов со голот постигнат во 80-тата минута, а истиот фудбалер во 91-тата му асистираше на Цветановски кој ги постави конечните Борец – Вардар 0-2.
Друтите пет натпревари на програмата се утре со почеток од 13 часот, а двојките се:
СИЛЕКС   –  БЕЛАСИЦА
ШКЕНДИЈА   –  ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ   –   МАКЕДОНИЈА Ѓ.П
СТРУГА ТЛ   –   РЕНОВА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ  –  ПЕЛИСТЕР
TАБЕЛА
1 ШКЕНДИЈА 25 бодови
2 ШКУПИ 23
3 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 22
4 БОРЕЦ 19
5 СТРУГА ТЛ 16
6 ВАРДАР 16
7 СИЛЕКС 14
8 РАБОТНИЧКИ 13
9 ПЕЛИСТЕР 12
10 РЕНОВА 8
11 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 7
12 БЕЛАСИЦА 5