Со марухуана шетале по центарот на Скопје

0
73

Петмина скопјани вчера биле приведени во четири одделни полициски акции поради тоа што поседувале опојни дроги, информира полицијата. Неколку од нив со марихуана биле фатени додека се движеле во централното градско подрачје.

-На ул.„Димитрие Чупоски“ во Скопје, синоќа во 22 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(20) од с.Љубин, затоа што при преглед кај него била најдена марихуана. Вчера во 23.40 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.Х.(42) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана, се наведува во информацијата на полицијата

На улица.„Коле Неделковски“ во Скопје синоќа бил уапсен В.Ш.(44) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

-Синоќа во 22.45 часот на ул.„Пиринска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.А.(23) и Б.Ј.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја, информира полицијата.

Против сите овие лица ќе бидат поднесени соодветено поднесоци.