Собранието конечно ја изгласа новата влада

440

Со 62 гласа ЗА, 51 против, и без воздржани, Собранието го изгласа новиот владин состав предложен од мандатарот Зоран Заев. Вчера и денеска пратениците во парламентот расправаа за составот и за владината програма.- Реклама –

ВМРО-ДПМНЕ најави дека мандатот на оваа влада ќе биде најкраток, и се заканија со демонстрации на улиците за уривање на Владата предводена од Зоран Заев.- Реклама –

Мандатарот Заев најпрво го образложи новиот владин состав. „Копјата“ се кршеа околу тоа дека во предизборната кампања, СДСМ и ДУИ меѓусебно си упатувале остри стрели, а после изборите најдоа заеднички јазик за владина коалиција.- Реклама –