Во мирување се става штрајкот на вработените во основните и во средните училишта, а учениците утре ќе имаат редовна настава. Ова денеска го изјави Јаким Неделков, претседател на синдикатот најавувајќи дека сега ќе почне период на нови преговори со владините претставници.
Неделков објасни дека одлуката за прекинот на штрајкот кој започна на 11 април е донесена откако е добиено известување од страна на Министерството за труд и социјална политика.
-МТСП не информира дека до нив е доставено известување од Министерство за образование за пристапување на мирно решавање на спорот со СОНК. Оттука, тие не известиле дека, согласно на член 19 став 2 од Законот за мирно решавање на работните спорови МТСП по службена должност покренува постапка за помирување врз основа на добиеното известрување и дека е именувам лицето кое ќе биде помирител, рече Неделков.
Тој додаде дека СОНК направил анализа на овие законски одредби, дека се консултирани правници и дека е заклучено дека во периодот додека трае помирувањето и решавањето на спорот помеѓу двата спротивставени табори штрајкот треба да се стави во мирување.
-Факт е дека ќе мора да постапуваме согласно на ова и да го ставиме штрајкот во мирување додека се решава спорот, рече Неделков.
Тој објасни дека законот предвидува дваесетдневен период за решавање на спорот.
-Ако не се постигне решение штрајот ќе биде повторно активиран, Ние не сме знаеле за вакви одредби во законот. Не знам дали е ова купување на време, нагласи синдикалниот лидер.
Тој рече дека учениците утре треба да одат на наставата и дека останува нивното барање за зголемување на платите за 18,4 проценти. Во овој период ќе се донесе и долука дали вработените ќе добијат плата, дневници околу што имаше дилеми деновиве.