Сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„Бутелска“ и ул.„Љуботенски пат“ Сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„Бутелска“ и ул.„Љуботенски пат“

0
36

На 29.10.2020 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Бутелска“ и ул.„Љуботенски пат“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(37) од Скопје, мотоцикл „пијаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.П.(33) од Скопје, патничко возило „фиат брава“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(31) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(65) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.