Сообраќајна незгода во скопско Трубарево, едно лице се здоби со тешки телесни повреди

0
77

На 29.08.2020 во 11,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес во с.Трубарево С.M. (49) од Скопје управувајќи мопед “тијанјинг“ без регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.