Спасени сите 14 повредени лица во терористичкиот напад во Виена

0
16

Сите 14 лица кои беа потешко повредени и пренесени во болниците по терористичкиот напад на 2 ноември во Виена, се надвор од животна опасност.

Меѓу нив е и лицето кое во два наврати од непосредна близина беше застрелано од терористот Кујтим Фејзулај, за кое има видео што го обиколи целиот свет.

Исто така заздравува и полицаецот, кој прв влезе во вооружен судир со терористот и се здоби со тешки повреди. Во меѓувреме, од 14-те тешко повредени, десетмина ги напуштија болниците.

Во терористичкиот напад беа убиени четири лица, а повеќе од 20 беа ранети.