Србија донесе нови мерки во борбата против коронавирусот

0
221

Србија нема да го врати карантинот, а Кризниот штаб донесе и одлука дека не е потребен негативен ПЦР-тест за српските државјани кои се враќаат од одмор од Хрватска и од Црна Гора.

Како што пренесуваат српските медиуми, донесена е и одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до еден часот по полноќ, а на трговските објекти до 23 часот.

Заменик директорката на Институтот за јавно здравје, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, за агенцијата „Танјуг“ рекла дека ќе биде дадена препорака до родителите чии деца патувале, 10 дена да поминат во самоизолација, односно да не одат на училиште кога ќе почне учебната година, туку наставата да ја следат онлајн.

Донесена е и измена кога станува збор за максимално дозволениот број на лица на јавни собири на отворено и во затворен простор, односно дека тој број од 10 се зголемува на 30.

„Србија е во рангот на земји со поволна епидемиолошка ситуација во однос на земјите од опкружувањето и воведувањето на задолжителен ПЦР-тест се покажа како добра мерка“, изјави Кисиќ Тепавчевиќ.