Србија воведе задолжителен ПЦР тест за македонските граѓани

0
310


Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, одлучи Кризниот штаб. Одлуката важи за Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, изјави за РТС епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Исто така, решено е да се стопираат ограничувањата што важеа за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат на сила од утре.

ПЦР текст не е потребен за српските државјани коишто доаѓаат од земјите во соседство