Стабилно, стабилно ама и развојно

0
189

Колумна на Живко Андревски:

Има ли Скопје втемелена, целосна и заокружена филозофија / концепција на своето постоење (бивствување – егзистенција и битисување –живеење, проблеми и паѓања, подеми и надежи)? Одговорот е да, има.

Прво, колку да изгледа и да звучи формализирано (и бирократско – фразерски) таа основа се содржи во Уставот на државата, во Законот за Градот Скопје, во документите и актите од типично градско ниво (кој ги донел, на што се однесуваат, на која територија се применуваат).

Второ, уверен сум дека постојната, актуелно определена територија на Скопје, со жителите на неа, просторот на градските општини, дефинираните недлежности на скопските единици на локалната самоуправа и нивните меѓусебни односи и соодноси со градот, изборот, составот и функционирањето на клучните органи на Градот (Советот, Градоначалникот, јавните служби) се и треба да бидат од траен, долгорочен карактер. Стратешките прашања и состојби да се почитуваат, а креативната енергија да се насочи кон решавање на дневните и краткорочните прашања, проблеми, теми, насоки. Точно е-мора далеку да се гледа, но и да се одговара на оние “милион мали работи што животот го прават”.

Трето, во рамките на целата држава, Скопје има позиција што му овозможува права (па и привилегии). Да, права и привилегии, истовремено и обврски и одговорности за функционирањето на животот во секој дел од земјата. Тоа треба отворено да се каже. Колку само луѓе кои постојано живеат надвор од Скопје, во него (оправдано, а не како натрапници) ја обезбедуваат својата животна егзистенција, ги остваруваат своите образовни, здравствени, административни потреби, стремежи, желби и интереси во културата, спортот, човековите слободи и права, духовен и емотивен развој и очекувања.

Пред извесно време раководев со истражувачки проект за тоа кои проблеми / прашања жителите на Скопје ги сметаат за најважни / приоритетни. (Ефективни 720 испитаници, со објективизирано избран репрезентативен примерок: населби на живеење, пол, возраст, етничка припадност и изјаснување).

Резултатите покажаа дека сообраќајната сфера најмногу ги притиска граѓаните на Скопје: пропусната моќ на улиците (“цел град е тесно грло и 24 часа во денот е шпиц”); квалитетот на сообраќајната услуга (коловози, тротоари, патеки), јавниот автобуски превоз, такси – понудата и задоволување на потребата (“па за нив не важат ни закон, ни правила, ни семафор, ни пешачки премин, ни брзина, ни место на стоење”), и паркирањето на возилата (на јавни паркиралишта, посебно во центарот на градот, но и во општините и населбите).

Се заедно доволно идеи за посебна анализа.Здравје и живот.