Столе Димитриевски позитивен на КОВИД-19

418

Шпанскиот второлигаш, Рајо Валјекано потврди дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имал позитивен тест на КОВИД-19.

Фудбалерите на Рајо биле тестирани во вторникот при враќањето на тренинзи, како и во сите други шпански тимови, кои имаа поголем број на позитивни резултати. Според клубот, тој се наоѓа во добро здравје и ги почитува деталните упатства за самоизолација.

Шпанскиот фудбал беше потресен со низа на позитивни случаи на фудбалери на Атлетико Мадрид, Валенсија, Барселона и Атлетик Билбао, откако во земјата има зголемен број на позитивни случаи по релативното „затишје“.

⚡️Comunicado Oficialhttps://t.co/xlPz3KjICv

— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) August 13, 2020