Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

0
234

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската банка, Кармен Рајнхарт.

„Веројатно ќе има брзо закрепнување имајќи предвид дека сите ограничувачки мерки поврзани со блокадите се укинати, но целосното закрепнување ќе трае дури пет години“, рече Рајнхарт на конференцијата што се одржа во Мадрид, објави „Ројтерс“.

Таа посочи дека рецесијата предизвикана од пандемијата ќе трае подолго во некои земји отколку во други и дека ќе ги влоши нееднаквостите, така што најсиромашните земји ќе бидат потешко погодени од кризата отколку побогатите.

Првпат по 20 години, глобалните стапки на сиромаштија ќе се зголемат по кризата, додаде Рајнхарт.