СЗО: Нов светски рекорд, 294.237 новозаразени

0
284

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот е зголемен за 294.237, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Како што е наведено, бројот на починати како последица на Ковид-19, во светски рамки е зголемен за 9.985, пренесе агенцијата „Тасс“.

Според СЗО, во светот досега се потврдени 21.026.758 случаи на инфекција и 755.786 смртни случаи.

Статистиката на СЗО ги зема предвид само официјално потврдените податоци за случаи на инфекција и смртни случаи што ги даваат државите.