СЗО: Пандемијата негативно влијае на одделите за ментално здравје

0
51

Пандемијата на коронавирус негативно влијаеше на здравствените услуги за пациенти со ментални болести и зависници, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Само седум проценти од вкупно 134 држави кои учествуваа во истражувањето на СЗО објавија дека одделенијата за ментално здравје се целосно отворени, а останатите 93 проценти ги намалија трошоците за тие здравствени услуги.

„ Сметаме дека тоа е заборавен аспект на Ковид-19“, вели Девора Кестел, директор на Одделот за СЗО за ментално здравје и зависност, додавајќи дека дел од предизвикот е тоа што премногу малку беше распределено на секторот дури и пред пандемијата.

Само 17 проценти од државите обезбедија дополнителни финансии за активности за да им се помогне на се поголемиот број лица со ментални нарушувања за време на пандемијата, додаде Кестел.

„ Ние проценуваме, а првите информации потврдуваат дека има зголемување на бројот на лица со ментални, невролошки и зависни проблеми на кои ќе им треба нашето внимание“, рече таа.

Нејзината организација нема информации за податоци како што се повеќекратни самоубиства, епилептични напади или зависности што може да доведат до предозирање.

Голем број држави ги оставија одделите за ментално здравје отворени, но пациентите се соочија со други предизвици, тврди СЗО.

„ Ограничувањата на движењето се најчеста причина за нарушувања во 73 проценти од посиромашните држави“, рече Кестел.

Посилно се погодени и амбулантските услуги, но многу побогати држави користат телемедицина и модерна технологија за да им помогнат на пациентите со ментална попреченост, соопшти СЗО.