СЗО: Почетокот на учебната година е деликатен епидемиолошки предизвик

472

Светската здравствена организација соопшти дека Европа се приближува кон почетокот на новата учебна година, што ќе биде деликатен период.

Како што беше објавено од Светската организација, постојат бројни докази дека младите луѓе се најчести преносители на коронавирусот.

Ханс Клуж, регионален директор на СЗО за Европа, предупреди дека постарите граѓани треба да се вакцинираат за да се заштитат од зимската сезона на грип, за време на која смртноста се зголемува, објави „Ројтерс“.