СЗО со црна статистика: За една недела со вирусот се заразиле речиси 2 милиона луѓе

331

Бројот на нови инфекции со коронавирус во светот се зголемил за речиси два милионa во неделата од 14 до 20 септември, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во исто време, во тој период бројот на смртни случаи се зголемил за 37.700.

Според неделниот билтен на СЗО, објавен синоќа, вкупниот број на официјално потврдени случаи на инфекција надминал 30,6 милиони, што е за шест проценти повеќе од претходната недела.

До 20 септември, 950.000 луѓе ширум светот починале како резултат на компликации од коронавирус, пренесе агенцијата ТАСС.

Најсериозната епидемиолошка состојба и натаму е во Северна и Јужна Америка, каде што бројот на случаи се зголемил за 38 проценти во споредба со претход