Тандемот Лу-Ла го искачи Интер на врвот во Серија А

0
226

Интер го искористија киксот на Милан притви Специја и со победата над Лацио од 3:1, се искачија на челната позиција во Серија А. Херојот на Интер е Ромалу Лукаку кој постигна два гола и асистираше за третиот гол на Интер. Интер со бод предност ќе го чека градското дерби со Милан наредниот викенд.

Интер, одигра тактички беспрекорно. Им ја оставија топката на противничките играчи, а своите шанси и бараа во контра-нападите. Три такви им донесоа три гола.

Првиот гол го постигна Лукаку од пенал во 22.минута. На пеналот му претходеше фаулот што го направи Хут врз Лаутаро Мартинез.

Во финишот на првиот дел, снаодливиот Лукаку повторно го совлада Реина. ВАР потоа го потврди 16.гол на Белгиецот во сезоната. Лукаку на листата на најдобрите стрелци се израмни со Кристијано Роналдо.

Лацио продолжи со својата игра и во вториот дел, ја плетеа мрежата околу голот на Хандановиќ, без конкретни закани. Во 61.минута, по еден слободен удар, со многу среќа погоди Ескаланте.

Само три минути подоцна, Лауатро го постави конечниот резултат. Пеколна контра изведе Лукаку, претрча 50 метри, а потоа му асистираше на партнерот од нападот, кој лесно ја спроведе топката во не бранетата мрежа.