
Жена од околината на Скопје вчера пријавила во полиција дека ја нападнале нејзиниот сопруг и синот, а сопругот ја тепал и со тврд предмет. Таа пријавила дека нејзиниот 28-годишен син физички ја нападнал и сопствената сестра, нејзината ќерка.
– Денеска (17.02.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од скопско село пријавила дека на 16.02.2023 околу 18.00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот син Н.П.(28) и нејзиниот сопруг Р.П., кој употребил и тврд предмет. Н.П. физички ја нападнал и нејзината ќерка, се вели во вчерашното соопштението на МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.