Терористички напад во Берлин, Ирачанец со возило влетал во автомобили и мотоцикли

0
63

Германските власти соопштија дека потенцијален терористички чин предизвикал неколку судири на неколку улици во Берлин, по што настанало привремено прекинување на патниот сообраќај.

Според последните информации, повредени се шест лица, од кои тројца сериозно. Инцидентот се случил во вторникот вечерта (18:30 часот попладне) кога 30-годишен Ирачанец се забил со автомобил во неколку возила, пишува „Билд“.

На дел од улицата Албоинштрасе, автомoбилот покосил двајца мотоциклисти, при што сериозно ги повреди и двајцата. Потоа го запрел автомобилот, излегол и викнал: „Алаху акбар“. Потоа поставил метална кутија на покривот на автомобилот и викнал никој да не му приоѓа бидејќи во спротивно сите ќе умрат.

Полицијата успеала да го совлада човекот и да го уапси, а во автомобилот не пронашла експлозивна направа. Триесетгодишникот сега е во притвор.

Властите испитуваат дали Ирачанецот, кој се чини дека е ментално нестабилен, припаѓа на некоја исламистичката групација.