Тешка сообраќајка на патот за Драчево, двајца повредени

391

Две лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово на патот кон Драчево. На местото на несреќата освен полицијата излегла и противпожарна екипа.

Во сударот учествувале две возила, „цитроен саксо“ и „форд фиеста’. Повредените се префрлени во Градската болница.

Увидот на полицијата сѐ уште трае.