Тешка сообраќајка во Прилеп – повредени четири лица

0
66

Тешка сообраќајка во Прилеп. Имено, вчера во 03.35 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул „Војводинска“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(27) од Прилеп и патничко возило „форд“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(27) од Прилеп, стои во соопштението од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило, М.К.(27), М.К.(24) и В.О.(26), сите од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Се работи на расчистување на случајот