Тешка сообраќајка во скопско: Со „БМВ“ удриле во ѕид, повредени три лица

0
52

Во с.Чучер Сандево, вчера вечерта С.Л.(29) од с.Мирковци, скопско, управувајќи патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид.

-Во незгодата 17-годишен сопатник од с.Мирковци се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и уште еден сопатник А.З.(19) од с.Мирковци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, истакнуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.