Тешко повреден 52-годишник при судир на мотоцикли во Куманово

326

Во попладневните часови на 20 август во кумановската полиција било пријавено дека на булеварот Октомвриска револуција се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „генерикс“ управуван од 23-годишник и мотоцикл „пијаџо“, управуван од Е.А. (52).

Во незгодата со тешки повреди се здобил 52-годишникот, а истите му биле констатирани откако итно бил пренесен во Медицинскиот центар Куманово.

На местото на незгодата извршен бил увид од екипа на кумановската полиција.