Тешко повредено младо момче – со мотор се превртело на обиколница

0
44

Дваесет и двегодишен скопјанец е тешко повреден откако вчера попладне со мотор паднал на скопската обиколница, во близина на клучката Смилковци.

Во незгодата мотоциклистот Д.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.