Тетовец со автомобилот прегази жена

0
49

Шеесет и седумгодишна тетовчанка се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на булеварот „Благоја Тоска“.

Во неа удрило патничко возило со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(38) од селото Слатино, тетовско, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.