Трамп и Меланија позитивни на коронавирус

0
65

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија се позитивни на Kовид-19.

Американскиот претседател ја потврди оваа информација на Твитер.

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани за Ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова”, објави Трамп (74) на Твитер.

Претходно Трамп потврди дека неговата советничка Хоуп Хикс е позитивна на коронавирус.

31-годишната советничка досега е најблизок соработник на Трамп кој е позитивен на Ковид-19.

Хикс оваа недела патуваше заедно со Трамп со претседателскиот авион на дебата во Охајо.

Трамп, кој редовно се тестира, имаше напорен распоред на патувања низ САД во последните неколку недели одржувајќи митинзи со илјадници луѓе пред претседателските избори на 3 ноември, и покрај предупредувањата од здравствените работници.