Три лица физички нападнале и се обиделе да силуваат малолетнички во Скопје

367

Две мајки од Скопје пријавиле дека нивните ќерки биле физички нападнати од страна на тројца нивни познаници кои се обиделе и да ги силуваат.

Според информациите на МВР, вчера во Полициската станица Карпош две жени пријавиле дека нивните малолетни ќерки биле физички нападнати од тројца нивни познаници С.М., Д.Г и Н.М., кои се обиделе и да извршат обљуба врз нив.

Според пријавата, настанот се случил во станот на С.М. во временскиот период меѓу 00,30 до 05,00 часот на 27.08. каде што претходно телефонски биле повикани двете малолетнички.

Се работи на расчистување на случајот.